ТУРСКИ ТУРИСТ ПОЧИНАЛ НА ПАТ КОН „СВЕТИ НАУМ“ Телото е предадено на погребално претпријатие

389

Турски турист починал во автобус на пат кон туристичкиот комплекс „Свети Наум“, вчера, соопшти полицијата.

Во СВР Охрид било пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон „Св.Наум“, починал турскиот државјанин И.Х.(64).






Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото изврши екипа од СВР Охрид. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на погребално претпријатие.

Поврзани содржини