ИЗРАЕЛ ЈА ОТВОРИ ВРАТАТА ЗА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ Ќе може да се внесува храна во Газа
Кабинетот на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, соопшти дека Ерусалим ќе дозволи внес на ограничена количина основна храна за жителите на опколениот Појас Газа, со цел да се спречи појава на глад.
Израел ќе дозволи да се внесе одредена количина храна во Појасот Газа, соопшти синоќа Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Израел ќе дозволи да се внесе основна количина храна, наменета за населението, со цел да се спречи развој на глад во опколениот Појас Газа“, се наведува во соопштението.
Израелската војска соопшти дека „почнала напади од големи размери и дека испратила војници да ја преземат контролата над подрачјата“ во Појасот Газа.