📽️ СПЕКТАКУЛАРНО БЕГСТВО ОД ЗАТВОР ВО ЊУ ОРЛЕАНС На слобода се 7 опасни затвореници
Властите во Њу Орлеанс нудат 12.000 долари награда за информации. Потврдено е дека затворениците имале помош од луѓе во затворот, а само менување на пробиените брави ќе чини 5,2 милиони долари.
Десет опасни затвореници избегале во петокот наутро од затворот во Њу Орлеанс. Се верува дека имале помош од луѓе во затворот. Тројца од избеганите се фатени, а седум се во бегство, соопшти шерифската канцеларија на округот.
Затворениците исчезнале по полноќ, а недостигот бил забележан наутро во 8:30 часот. Прво ја отстраниле лизгачката врата, а потоа го пробиле ѕидот зад тоалетот. Се симнале по ѕидот и избегале преку автопат.
Шерифoт на округот, Сузан Хатсон, рече дека користеле тоалетни производи за да ги отстранат завртките, но не наведе кои. Подоцна, шерифската канцеларија објави снимки од бегството. Затворениците дури оставиле навредливи пораки за чуварите. Една од нив гласела: „Прелесно, хаха“.
– Никој не може да го напушти објектот без помош – изјави таа.
Тројца затвореници се вратени во притвор. Кендел Мајлс бил уапсен со помош на надзорни камери и препознавање лице, додека се криел под автомобил. Роберт Муди и Дкенан Денис се уапсени истиот ден.
🚨 WILD ESCAPE: 11 INMATES BREAK OUT OF ORLEANS JAIL THROUGH TOILET HOLE 🚽🕳️
In a jaw-dropping jailbreak, 11 inmates escaped by crawling through a hole under a toilet — and left a note behind: “Too easy, LOL.”#OrleansJail #Jailbreak #TooEasy #BreakingNews #PrisonEscape #USA… pic.twitter.com/2Sd6tT6qV3
— ViralNewsHQ™ (@viralposts2323) May 17, 2025
Првично било објавено дека избегале 11 лица, но бројката била коригирана. Кит Луис бил погрешно идентификуван, објави Хатсон. Taa обвини дел од службениците во затворот за негрижа. Само менување на пробиените брави ќе чини 5,2 милиони долари.
Полицијата трага по другите седум, кои веројатно се уште во Њу Орлеанс. Затворот е блокиран. Потврдено е дека затворениците имале помош од персоналот.
Ан Киркпатрик од полицијата изјави дека бегалците се осомничени за насилни злосторства. Еден од нив е Дерик Гроувс, осуден за убиство на Марди Гра во 2018.
ФБИ, американските маршали и државната полиција помагаат во потрагата. Биле заштитени сведоци и семејства на жртвите.
Властите нудат 12.000 долари награда за информации.