ПРИСТИГНАА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ОБДУКЦИЈАТА НА ВЕДАТ АДЕМИ Дали била направена лекарска грешка?

Кумановското обвинителство веќе отвори предистражна постапка за случајот на 32-годишниот кумановец Ведат Адеми, кој почина на 17 март во градската болница.

361

Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го достави обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Оттаму посочуваат дека наодот се разгледува во корелација со други докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.






Кумановското обвинителство веќе отвори предистражна постапка за случајот на 32-годишниот кумановец Ведат Адеми, кој почина на 17 март во градската болница.

Адеми починал откако примил терапија во болницата. Неговото семејство обвинува дека причина е лекарска грешка и дека му бил даден лек на кој бил алергичен.

Директорот на кумановската болница Стефан Трајановски бешеразрешен откако во извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше утврдено дека имало многу пропусти во болницата, а Министерството за здравство до Лекарската комора предложи одземање налиценцата на лекаротшто таа вечер бил на дежурство.

Поврзани содржини