ОДМОРОТ ВО ГРЦИЈА ЌЕ НЀ ЧИНИ ПОСКАПО Еве колку чини таксата по ноќ

Грчките власти воведоа дополнителен надоместок за престој, како дел од мерките за заштита на локалното културно наследство и инфраструктурата, која трпи под големиот притисок на масовниот туризам.

5,011

Грција останува најпосакуваната летна дестинација за македонските граѓани, но оваа сезона туристите ќе се соочат со нови правила кои стапија на сила. Македонците, како едни од најчестите гости во соседството, ќе треба да бидат подготвени на нови обврски при своето летување.

Грчките власти воведоа дополнителен надоместок за престој, како дел од мерките за заштита на локалното културно наследство и инфраструктурата, која трпи под големиот притисок на масовниот туризам.






Како што информираат од грчките институции, данокот за престој ќе се наплатува во зависност од видот на сместувањето и времето од годината. Тој ќе биде повисок за време на главната туристичка сезона, а ќе се наплатува по соба или сместувачка единица, без разлика на бројот на лица кои престојуваат.

Новина за ова лето е и воведувањето на дополнителен надоместок за патниците кои пристигнуваат со крстосувачки бродови на најпопуларните острови како Санторини и Миконос, каде што притисокот на туристите станал сериозен проблем. Само на Миконос, во еден ден во август минатата година, пристигнале 20.000 патници од осум крстосувачки бродови, што ја потврдува потребата од нов начин на управување со туристичките текови.

Собраните средства од новите давачки ќе бидат искористени за подобрување на одржливоста, обновување на инфраструктурата и решавање на еколошките проблеми на туристичките дестинации.

Иако цените на новите даноци варираат, важно е македонските туристи да бидат информирани дека овие надоместоци ќе се плаќаат директно на местото на престој или при пристигнување на одредени дестинации.

Грчките власти најавија и разгледување на воведување дигитален систем за контрола на бројот на крстосувачки бродови, со цел да се намали притисокот врз најпопуларните острови, но овој систем сè уште чека на парламентарно одобрување.

Колку ќе изнесуваат новите даноци во Грција?

Износот на данокот зависи од видот на сместување и времето од годината, а во текот на главната туристичка сезона, данокот се наплаќа по ноќ и ќе изнесува:

Хотели со 1-2 ѕвезди: 2 евра
Хотели со 3 ѕвезди: 5 евра
Хотели со 4 ѕвезди: 10 евра
Хотели со 5 ѕвезди: 15 евра

Апартмани, соби, апартмани (вклучувајќи Airbnb): 8 евра

Куќи и вили поголеми од 80 м²: 10 евра

Надвор од сезона (ноември – март), износите се значително пониски:

Хотели со 1-2 ѕвезди: 0,50 евра
Хотели со 3 ѕвезди: 1,50 евра
Хотели со 4 ѕвезди: 3 евра
Хотели со 5 ѕвезди: 4 евра
Апартмани и соби: 0,50 евра
Куќи и вили: 4 евра

Данокот се наплаќа по соба или сместувачка единица, а не по лице, што значи дека семејствата и поголемите групи можат да добијат подобра понуда.

Данок за патници од крстосувачки бродови

Новина е и надоместокот за патниците што пристигнуваат со крстосувачки брод, имено:

Санторини и Миконос: 20 евра по лице, на ден
Други острови и Атина: 5 евра по лице, на ден

ГРЦИЈА ВОВЕДЕ СТРОГО ПРАВИЛО ОД 1 АПРИЛ Пред да одите на море погледнете што не треба да правите

Поврзани содржини