📽 ДИМИТРИЕВСКИ МУ ФРЛИ РАКАВИЦА НА ФИЛИПЧЕ ЗА ЧЛЕНСТВОТО Каде да се врати членството – во твоите станови или ќе го носиш во Дубаи каде ги трошите парите од криминалот?

Лидерот на движењето ЗНАМ рече дека  Македонија нема време за изгубени генерации и дека народот препознава кој нуди решенија, а кој продава магла. Според него, СДСМ е на прагот на историски дебакл, кој е резултат на нивното самобендисано и однародено владеење.

1,039

Претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски денеска на средбата со граѓани, членови и симпатизери во Вевчани и Струга го коментираше повикот на лидерот на СДСМ Венко Филипче до членовите на СДСМ кои ја напуштија партијата да се вратат назад.

– Каде ги покануваш, каде ќе ги носиш. Во своите станови кои и ти не знаеш колку ги имаш  или во Дубаи со парите што ги изнесовте и инвестициите што ги правите таму? Или ќе ги носиш во онаа празна зграда темна зграда на Бихачка што одамна членовите ја напуштија? Политиката на СДСМ е без визија, а раководство на СДСМ е очајно, без надежно, исплашено и во паника – рече Димитриевски.

 






Димитриески рече дека  Македонија нема време за изгубени генерации и дека народот препознава кој нуди решенија, а кој продава магла. Според него, СДСМ е на прагот на историски дебакл, кој е резултат на нивното самобендисано и однародено владеење.

-Граѓаните низ цела држава го чувствуваат тоа. Секој теренски разговор, секоја бројка и статистика укажува на едно – ЗНАМ не само што е најбрзо растечката политичка сила, туку е и гласот на луѓето што предолго беа игнорирани. Доаѓа време кога на локалните избори граѓаните ќе изберат градоначалници и советници што нема да молчат, нема да служат на партиски директиви, туку ќе работат исклучиво за интересите на својот народ. Градоначалници и советници што ќе бидат од народот, со народот и за народот – рече Димитриевски.

Тој оцени и дека локалните изборни не се само политичка борба.

– Ова не е само политичка битка – ова е борба за достоинството на секој човек во Македонија. И на овие избори – ќе победат вистината, знаењето и народот – рече Димитриевски.

Караванот на ЗНАМ под мотото „Заедно знаеме повеќе“ продолжува низ секое маало, секое село и секој град – со една порака што веќе одекнува низ целата држава.

 

Поврзани содржини