„30 ГОДИНИ ГЛОБАЛЕН ЈАЗИК НА БИЗНИСОТ” Промовирана монографија по повод 30 години GS1 Македонија

Во рамки на прославата, за првпат беше доделена и нововоспоставената награда „Амбасадор на GS1 стандарди", која има за цел да ги препознае компаниите што најдоследно ги имплементираат и промовираат GS1 стандардите, а ја доби компанијата „Алкалоид“.

55

Eдинствена организација овлaстена за доделување и управување со GS1 бар кодовите во земјава GS1 Македонија вчера го одбележа 30-годишниот јубилеј од основањето. Во рамки на прославата во присуство на бројни претставници од деловната заедница, беше промовирана монографијата „30 години глобален јазик на бизнисот”, која го документира патот на организацијата во изминатите три децении.

Во своето обраќање пред присутните, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, истакна дека GS1 стандардите, чии најпознати симболи се баркодовите, не се само технолошка алатка, туку суштинска поддршка за конкурентноста, дигитализацијата и глобалната видливост на македонските компании.






– GS1 Македонија веќе три децении неуморно работи на тоа да ги поврзе нашите компании со светот, да воведе ред во податоците, да ја олесни трговијата, логистиката и пристапот до пазарите. Денес таа обединува 1 300 свои компании членки на едно место. Монографијата претставува хронолошки приказ на развојот и достигнувањата на GS1 Македонија, како и визијата за иднината во дигиталната ера. Ги опфаќа клучните проекти и резултати кои оставија траен белег во македонското стопанство, но и визијата за иднината – дигитализација, интеграција на 2D баркодови и глобална конкурентност – истакана Азески.

Во рамки на прославата, за првпат беше доделена и нововоспоставената награда „Амбасадор на GS1 стандарди”, која има за цел да ги препознае компаниите што најдоследно ги имплементираат и промовираат GS1 стандардите. Првиот добитник на ова признание е компанијата Алкалоид АД Скопје, која уште од 1994 година е членка на GS1 Македонија.

GS1 стандардите денес се применуваат во над 118 земји во светот. Во нашата држава,  примената на баркодовите започна уште во 1982 година. По осамостојувањето на нашата држава, во 1994 година во рамките на Стопанската комора се формира сектор задолжен за издавањето на баркодовите EAN МАК, кој што станува полноправен член на EAN International. Во 2006 година следејќи ги меѓународните текови EAN MAK се преименува во GS1 Македонија, а во 2009 година се формира и посебен правен субјект и се одржува првата седница на Генералното собрание на GS1 Македонија.

Поврзани содржини