КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА „КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ“ Предизвикал штета над 46.000 евра

321

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.

„Пријавениот, поранешен директор на ЈП ‘Колекторски систем’ – Скопје, Подрачно одделение Охрид, во периодот од 2022 година до август 2024 година, не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при што било невозможно реално евидентирање на редовната и прекувремената работа, не можело да се утврди времето на извршување на прекувремената работа, а исто така не можело да се утврди по чиј налог била извршувана прекувремената работа. Со тоа, тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања и на дел од вработените им овозможил противправна финансиска корист, со што предизвикал штета на ЈП ‘Колекторски систем’ – Скопје, Подрачно одделение Охрид за сума од од 2.881.757 денари“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини