ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ОГРОМНА ДОВЕРБА ВО ВМРО-ДПМНЕ Партијата ги исполнува очекувањата, 51,7% од избирачите повторно би гласале за неа

Граѓаните го ценат досегашното работење на Владата и ги поздравуваат преземените мерки и политики кои значат функционални институции, ефикасна борба против организиран криминал и корупција и подобри услови за сите во државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

110

ВМРО-ДПМНЕ, како предводник на институциите на системот, за нецела година покажа и докажа како се работи макотрпно, чесно и достоинствено во интерес на граѓаните, соопшти владејачката партија.

„ВМРО-ДПМНЕ ја презема одговорноста да ја води Владата во исклучително лоша состојба оставена од претходното владино раководство. СДСМ остави пустош во државата во секоја област. Следеше интензивна и макотрпна работа, се запре слободниот пад на економијата. Користејќи ги сите расположливи ресурси, почна нејзиното заживување, се зголемуваа платите и пензиите, а странските директни инвестиции на крајот на годината беа на историски највисоко ниво од над милијарда евра“, соопшти партијата.






Постепено и сигурно се враќа функционирањето на институциите на системот, се додава во соопштението. Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи, законот важи еднакво за сите и пред надлежните органи одговара секој што се огрешил пред законот, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните ова го гледаат и го вреднуваат. Го ценат досегашното работење на Владата и ги поздравуваат преземените мерки и политики кои значат функционални институции, ефикасна борба против организиран криминал и корупција, подобри услови за сите во државата. Пред неколку дена беше спроведено истражување на јавното мислење кое го потврди огромното признание за досегашната работа на Владата и големата доверба на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ и претседателот и премиер, Христијан Мицкоски“, се вели во соопштенето.

Анкетата, додава ВМРО-ДПМНЕ, потврди дека над 60 отсто од граѓаните сметаат дека борбата на властите против организираниот криминал и корупција е интензивна и постојана, две третини од испитаниците ја поддржуваат владината мерка за замрзнување на маржите на дел од производите, додека две третини од испитаниците сметаат дека надлежните институции ефикасно се справија со последиците од трагедијата во Кочани.

„Овие високи проценти се резултат на посветената работа и исполнувањето на очекувањата на граѓаните и на дадените ветувања. Се вложуваат сите сили и се користат сите капацитети и ресурси да се средат институциите на системот и Македонија да се стави на брза трака за економски раст и развој, кој ќе донесе просперитет за сите. Токму поради сето ова, високи 51,7% од испитаниците на избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека на претседателот Мицкоски му веруваат 25,4 отсто. Доколку утре има избори, на гласање би излегле високи 64,4% од граѓаните, односно две третини од испитаниците. Резултатите од ова истражување и големата доверба се потврда за досега сработеното, но исто така претставуваат и обврска ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, попосветено и неуморно да продолжи со неуморната работа за подобар живот на сите во Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини