БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ И ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ПРОПИСИТЕ Апел на РСБСП за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници

Од Советот посочуваат дека во пресрет на претстојниот празник се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на патиштата кон туристичките и излетничките места.

69

По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот,  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да возат одговорно.

Од Советот посочуваат дека во пресрет на претстојниот празник се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на патиштата кон туристичките и излетничките места.






– Не возете под дејство на алкохол! – Алкохолот ја намалува способноста за реакција и ја зголемува веројатноста за несреќи со тешки последици. Возете одморени – бидејќи возењето под замор е опасно исто како возењето под дејство на алкохол. Почитувајте ги ограничувањата на брзината – Прилагодите ја брзината според условите на патот, времето и фреквенцијата, односно густина на сообраќајот. Секогаш користете сигурносен појас – Ова важи и патниците на предните и на задните седишта. Не користете мобилен телефон додека возите – Фокусот секогаш треба да е на патот. Планирајте го патувањето однапред – Проверете ја состојбата на патиштата, избегнувајте замор и правете паузи при подолги патувања. Возачите на мотоцикли и мопеди и лицата кои се превезуваат на нив задолжително на глава да носат сигурносна опрема – кацига, се вели во соопштението.

РСБСП апелира да се почитуваат пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот.

– Секој изгубен живот на патиштата е ненадоместлива загуба! Затоа, да празнуваме со почит кон животот и здравјето, бидејќи безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас! РСБСП ви посакува среќни и безбедни првомајски празници, се наведува во соопштението.

 

Поврзани содржини