📷 АСАНЖ БЕШЕ ВО ВАТИКАН НА ПОГРЕБОТ НА ПАПАТА Франциск му пишал на Џулијан кога му било тешко зад решетки

Франциск му пиша на Џулијан во затворот и дури предложи да му се даде азил во Ватикан, обjави на Фејсбук сопругата на Асанж, Стела Асанж, велејќи дека семејството дошло на погребот за да ја изрази благодарноста за поддршката за Џулијан.

200

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, со сопругата Стела и двете деца, отпатуваа во Рим на погребот на папата Франциск.

„Сега кога Џулијан е слободен, сите дојдовме во Рим за да ја изразиме благодарноста на нашето семејство за поддршката од Папата за време на прогонот на Џулијан. Нашите деца и јас имавме чест да се сретнеме со папата Франциск во јуни 2023 година за да разговараме како да го ослободиме Џулијан од затворот Белмарш. Франциск му пиша на Џулијан во затворот и дури предложи да му се даде азил во Ватикан“, гласи изјавата на Стела објавена на фејсбук профилот на „Викиликс“.






Поврзани содржини