„СЕ ПОЧЕСТИЛА“ СО 500 ЕВРА ОД ОБЛОЖУВАЛНИЦА Кумановка „подзаборавила“ да ги предаде парите од дневниот пазар
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 13 октомври 2024 година, додека пријавената била на своето работно место во спортска обложувалница во Куманово.
37-годишната М.П. од Куманово заработи кривична пријава поради сомнение дека сторила кривично дело „затајување“.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 13 октомври 2024 година, додека пријавената била на своето работно место во спортска обложувалница во Куманово.
„Пријавената од дневниот пазар одзела 32.200 денари, со што го оштетила работодавецот“, информираат од СВР Куманово.
Против неа е поднесена соодветна кривична пријава, а истрагата е во тек.