🎥 СКАНДАЛ ЗА ЗЛАТНО ПЕНКАЛО ВРЕДНО 15.000 ДОЛАРИ Висок ирански дипломат го ставил в џеб на преговорите во Оман

Сепак, како што пренесуваат медиумите, по објавувањето на скандалот, високиот ирански дипломат и заменик министер за надворешни работи за правни и меѓународни прашања, Казем Гарибабади, објаснил дека станува збор за несреќен случај и дека пенаклото ќе биде вратено преку амбасадата.

1,120

Високиот дипломат и Заменик министер за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, бил снимен на видео како го става во џеб златното пенкало за време на преговорите со САД во Оман. Сите учесници, според протоколот, добиле слични пенкала за користење за време на разговорите, објави Вај нет.

Оман испрати дипломатски протест до Исламската Република Иран, со барање да го врати златното пенкало.






Иранските опозициски медиуми јавуваат дека дипломатскиот сканал настанал кога високиот ирански дипломат и заменик министер за надворешни работи за правни и меѓународни прашања, Казем Гарибабади, украл златно пенкало од Оман, вредно 15.000 долари.

Сепак, како што пренесуваат медиумите, по објавувањето на скандалот, Гарибабади објаснил дека станува збор за несреќен случај и дека пенаклото ќе биде вратено преку амбасадата.

Поврзани содржини