ЗАГИНА МОТОЦИКЛИСТ, СОПАТНИКОТ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ Тешка сообраќајна несреќа на патот Копаница – Бојане

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Според првичните информации, причините за несреќата сè уште не се утврдени, но истрагата продолжува.

1,896

38-годишниот С.С. од село Буковиќ загинал во сообраќајна несреќа што се случила вчера, 16 април, околу 18:25 часот, на локалниот пат помеѓу селата Копаница и Бојане, а сопатникот се бори за живот.

Мотоциклот „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал С.С., излетал надвор од патот, при што возачот починал на местото на несреќата. Сопатникот во мотоциклот, 41-годишниот С.Ј. од село Копаница, се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.






„Истрагата за причините на несреќата е во тек. Извршен е увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. Кај возачот е констатирана смрт на местото, додека сопатникот е задржан на лекување во болница, но не се познати сите детали за неговата состојба“, информираат од полицијата.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Според првичните информации, причините за несреќата сè уште не се утврдени, но истрагата продолжува.

Поврзани содржини