КРАДЕЛЕ МАШИНИ ВРЕДНИ 20.000 ЕВРА ВО ЈП ЖЕЛЕЗНИЦИ Одреден е притвор за четворица скопјани

Имено, пријавените делата ги извршиле во периодот од 30.03. до 14.04.2025, при што од објект на ЈП Железници на РСМ -Железничка инфраструктура Скопје одзеле машина за обработка на дрва, мотор од компресор, алати и разни други предмети и се стекнале со имотна корист од околу 1.239.000 денари, се вели во полицискиот билтен.

352

Четворица скопјани украле машини, алати и други предмети во вредност од 1.239.000 денари од Јавното претпријатие Железници, информираше Министерството за внатрешни работи. Тие извршиле пет дела „тешка кражба“ и една кражба во обид, се вели во соопштението.

„Имено, пријавените делата ги извршиле во периодот од 30.03. до 14.04.2025, при што од објект на ЈП Железници на РСМ -Железничка инфраструктура Скопје одзеле машина за обработка на дрва, мотор од компресор, алати и разни други предмети и се стекнале со имотна корист од околу 1.239.000 денари“, вели МВР.






Според полицискиот билтен, четворицата биле затекнати при обид за кражба и уапсени, додека судија на претходна постапка на тројца од нив им обезбедил ефективен притвор од 8 дена и куќен притвор за едно лице исто така од 8 дена.

Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.З.(52), А.А.(55), Р.Д.(31) и С.Д.(32), сите од Скопје.

Поврзани содржини