КАКО ШТО ЌЕ ЗРЕАТ ЌЕ ВЛЕГУВААТ ВО ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЦА Подготвен е списокот на овошје и зеленчук кои ќе бидат дел од кошничката

Дел од производите се со сезонски карактер, па во периодот на нивно производство ќе бидат и вметнати во кошничката, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

65

Во пресметката на просечната потрошувачка кошничка ќе бидат вклучени сите видови овошја и зеленчук што се произведуваат во земјава, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Како што истакна Трипуновски на прес-конференција во Владата, овошјата и зеленчукот ќе се вметнуваат во кошничката етапно, сезонски, зависно од периодот во кој доспеваат и се користат. За оваа цел е веќе изготвен посебен календар кој е доставен до Министерството за економија.






-Листата на производи е голема и верувам дека кошничката ќе ги содржи сите. Најмногу се застапени  оние што ги произведуваме во Македонија. МЗШВ согласно календарот на производство на земјоделски култури изработи посебен Календар – кои земјоделски култури во кој период доспеваат и се користат. Тој список е доставен до Министерството за економија. Знаете дека одредени производи се со сезонски карактер, па во периодот на нивно производство ќе бидат и вметнати во кошничката – објасни Трипуновски, одговорајќи на новинарски прашања.

Дел  од овошјето кое се произведува во земјава годинав ќе има намален или незначителен род  поради измрзнувањето, па Трипуновски најави дека општините ќе формираат комисии за утврдување на шететите за да се обештетат земјоделците.

-Повеќе региони беа зафатени од ниски, минусни температури кои предизвикаа штети врз насадите, особено врз овошните култури. Најпогодени се сливата во Делчевско, јаболкото во Ресен, праската нектарина во Росоман, Тиквешијата, како и дел од калинката и јапонското јаболко во Валандовско. Јас ги посетив Росоман и Ресен. Согласно законската обврска секоја општина веќе има формирано посебни комисии кои во наредниот период, откако земјоделците ќе ги пријават штетите, ќе направат проценка и збирниот извештај ќе го достават до надлежната владината Комисија по што Владата ќе донесе одлука за процентот на обесштетување. Верувам дека комисиите транспарентно и одговорно ќе ја завршат работата за да ги обесштетиме земјоделците- нагласи Трипуновски.

Поврзани содржини