ЦАРИНАТА И СО КАМПАЊА ЌЕ ЈА СУЗБИВА КОРУПЦИЈАТА Ги повикува граѓаните да не замижуваат пред корупцијата
Во текот на изминатите денови кампањата беше спроведена на граничните премини и царинските испостави Аеродром Св. Апостол Павле Охрид, Меџитлија, Прилеп, Богородица, Гевгелија, Дојран, Блато, Струга, Ќафасан.
„Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава. Корупцијата е двонасочна – и давање и примање мито е криминал“, е главната порака на Царинска управа во кампањата „Стоп за корупција“.
Во рамки на оваа кампањата до 25 април на граничните премини и царинските испостави ќе се делат брошури во кои се објаснуваат начините за пријавување корупција.
-Ги повикуваме сите граѓани кои ќе бидат сведоци на корупција истото да го пријават на отворената телефонска линија 197 на Царинската управа – велат од Царинската управа.
Во текот на изминатите денови кампањата беше спроведена на граничните премини и царинските испостави Аеродром Св. Апостол Павле Охрид, Меџитлија, Прилеп, Богородица, Гевгелија, Дојран, Блато, Струга, Ќафасан.
Годинава Државната комисија за спречување на корупцијата во извештајот за 2024 година ја рангираше Царинската управа на 5 место од вкупно 72 институции во спроведување на политики за интегритет.