ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИ 135 КИЛОГРАМИ РЕЖАН ТУТУН НА ЗЕЛЕНИОТ ПАЗАР ВО ЧАИР Три лица го продавале без да платат акциза

Против две лица се поднесени прекршочни пријави, а против едно лице кое продавало акцизни производи за кои е избегнато плаќање акциза од 257.000 денари, ќе биде поднесена кривична пријава согласно Кривичниот законик.

0

Царински службеници и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи извршија претрес на тезги на зелениот пазар во Чаир, при што запленети се 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол, за кои е избегнато плаќање акциза во висина од 337.558 денари, соопшти Царината.

„При контролата на акцизни производи на тезгите на зелениот пазар во Чаир, фатени се 3 лица како продаваат акцизни производи без акцизни маркички. Тие,  противзаконски ја ставилe акцизната стока во продажба, без претходно да платат акциза кон државата3, појаснуваат од Царината.






Против две лица се поднесени прекршочни пријави, а против едно лице кое продавало акцизни производи за кои е избегнато плаќање акциза од 257.000 денари, ќе биде поднесена кривична пријава согласно Кривичниот законик.

Поврзани содржини