📽️ 📷 ВУЛКАН ОД ЕМОЦИИ ВО СКОПЈЕ Вардар и Црвена звезда играа за настраданите во Кочани

Самиот меч немаше силно темпо, а неколку пати беше прекинуван со цел публиката емотивно да се потсети и да се збогува со оние кои го загубија животот во трагедијата во Кочани. 

1,196

На Арената „Тодор Проески“ во Скопје се одигра хуманитарниот натпревар меѓу Вардар и Црвена звезда како поддршка за настраданите и нивните семејства во трагедијата во Кочани. Иако резултатот од овој натпревар беше во втор план, сепак гостинската екипа победи со 3:1.

Самиот меч немаше силно темпо, а неколку пати беше прекинуван со цел публиката емотивно да се потсети и да се збогува со оние кои го загубија животот во трагедијата во Кочани.






Вардар поведе со гол на Михаил Маневски во 27 минута, по перфектна акција на скопскиот тим.

Маневски по постигнатиот гол го соблече дресот, истакна маичка на која беше напишано Андреј Лазаров и заплака за фудбалерот кој загина во трагедијата во Кочани.

Фото: Принтскрин

Црвена звезда сепак успеа да го сврти резултатот преку Илиќ во 41 минута, а потоа и со убавиот гол на Катаи, само три минути подоцна, пред полувремето.

Второто полувреме донесе продолжена добра игра на Црвена звезда, која на крајот ја круниса победата со голот на Сремчевиќ од контранапад на додавање на младиот Костов во 87 минута.

Комити со стих од „Тешкото“ и „благодарам“ на јазиците на сите држави кои ни помогнаа по трагедијата

„И зошто ми иде да плачам ко дете, да превијам раце, да прекријам лик…”

Ова е пораката на навивачката група Комити на западната трибина на Градскиот стадион „Тодор Проески” ба вечерашниот хуманитарен пријателски меч меѓу Вардар и Црвена звезда од кој целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во која загинаа 61 лице.

Исто така, со кореографија преку целата трибина беше испишано Кочани и со громогласно скандирање, во 16. минута од натпреварот приотив Црвена звезда, Комитите им оддадоа почит на 61 загинат во трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“.

Фото: Плусинфо

Истовремено, на трибината беа истакнати банери на кои беше испишано благодарам на јазиците на сите држави коишто ни излегоа во пресрет по големата трагедија и кај себе примија на лекување дел од повредените.

Во 61 минута од овој хуманитарен натпревар целиот стадион го громогласен аплауз им одадоа почит на сите загинати во трагедијата во Кочани.

Легендите на Звезда и Вардар  ја поздравија скопската публика

На Арената ќе присуствуваат и повеќе легенди на Вардар и Црвена звезда, како Станислав Караси, Владимир Петровиќ Пижон, Илија Најдоски, Дарко Панчев, Бошко Ѓуровски, Недељко Милосављевиќ, Здравко Боровница, Цвијетин Благојевиќ, Жарко Ѓуровиќ, Драган Канатларовски, Драган Мрѓа, Душко Тошиќ, Горан Попов…

Фото: Плусинфо
Поврзани содржини