ПРОНАЈДЕНО МОМЧЕТО ОД ТРЕМНИК ШТО ИСЧЕЗНА Соселаните со часови трагаа по 22-годишниот Диме

Синоќа околу 22:15 часот, во Полициската станица во Неготино бил пријавен случај на исчезнато лице.

525

Исчезнатото лице Диме Стојамиров е пронајден здрав и жив, благодарение на ОВР Неготино и соселаните кои неуморно со часови до овој момент трагаа по исчезнатото лице, известија попладнево од Фејсбук профилот посветен на неготинското село Тремник.

Синоќа околу 22:15 часот, во Полициската станица во Неготино бил пријавен случај на исчезнато лице. Пријавата ја поднел С.С. (40) од селото Тремник, кој информирал дека неговиот 22-годишен внук од брат, Диме Стојамиров, се оддалечил од семејниот дом.






Според пријавата, момчето имало здравствени проблеми.

Поврзани содржини