МАЛОЛЕТНИК СО МОПЕД ЈА УДРИЛ ЖЕНАТА КОЈА ЛЕЖЕШЕ НЕПОДВИЖНА СРЕДЕ ОХРИД Во болница и на двајцата им се констатирани повреди
Во несреќата бил повреден и 14-годишникот кој управувал со мопед, информираше охридската полиција.
Жената која беше видена како лежи неподвижна во центарот на Охрид во понеделникот, 14 април, се здобила со повреди од удар со мопед кој го управувал 14-годишник, информираше охридската полиција.
Според новите детали 58-годишна Н.Р. возела велосипед кога била удрена од мопед на крстосницата на булеварот Туристичка со улицата Даме Груев. Несреќата се случила на самиот пешачки премин.
Со повреди завршил и 14-годишникот.
„Двајцата се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и Општата болница во Охрид. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи“, се вели во полицискиот билтен.
И двете лица се од Охрид.