БРАТОТ НА ФИЛИПЧЕ И БРАТОТ НА ЗАЕВ ИМААТ МИЛИОНСКИ БИЗНИС Манасиевски вели дека тоа е причината зошто Филипче сака да ја освои власта
Никола Филипче и Вице Заев, користејќи ја моќта на нивните браќа, тогашен премиер и министер за здравство, по рекордно брзо време добиваат согласност од Министерството за транспорт и врски, и по само еден месец, во координација со градоначалникот на Дојран и Советот на Општината, се прави измена во ДУП-от и фирмата си поставува соларни панели на земјиштето, обвини Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче сака да дојде на власт за да може да ги продолжи семејните бизнис интереси кои им носат милионски суми на годишно ниво, обвини Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека братот на Венко Филипче, додека СДСM беше власт, заедно со Вице Заев за рекордно време направиле фотоволтаична централа на земјите од 23.000 квадратни метри во Дојран од која би заработувале околу 120.000 евра годишно.
„Никола Филипче и Вице Заев, користејќи ја моќта на нивните браќа, тогашен премиер и министер за здравство, по рекордно брзо време добиваат согласност од Министерството за транспорт и врски, и по само еден месец, во координација со градоначалникот на Дојран и Советот на Општината, се прави измена во ДУП-от и фирмата си поставува соларни панели на земјиштето.
Според проценките кои што ги имаме, Филипче и Заев би произведувале околу 2.000 мегават часови електрична енергија годишно, би заработувале околу 10 илјади евра месечно или 120 илјади евра годишно.
Браќата на Венко Филипче и Зоран Заев, месечно на своето конто ќе додадат плус 25 минимални плати или 300 минимални плати годишно.
Затоа Венко Филипче сака да дојде на власт. За да може да ги продолжи семејните бизнис интереси кои им носат милионски суми на годишно ниво.
Венко Филипче сака да биде власт, за повторно како порано, по рекордно време, да вади дозволи и да одобрува процедури. Филипче сака да си игра со државата и со народот, за да си ги задоволи своите потреби.
Филипче е во политиката само за да си ги задоволи своите апетити, а не да мисли на граѓаните. Филипче е завршена приказна за политичката сцена. Филипче повеќе нема кредибилитет. Венко Филипче треба да си поднесе оставка.“,