ПЕТ ТЕРИТОРИИ, „НЕ“ ЗА НАТО И ЗА ЧЛЕНОТ 5 Пратеникот на Трамп откри што бара Путин за траен мир

Пратеникот на Трамп не прецизираше за кои пет територии станува збор. Според него рускиот лидер бара безбедносен протокол за траен мир во Украина во кој услов е Украина да се откаже од членството на Украина.

2,306

„Овој мировен договор се однесува на така наречените пет територии, но има многу повеќе од тоа – безбедносен протокол, без НАТО, без Член 5 од НАТО. Има многу детали поврзани со оваа сложена ситуација. Меѓу двете земји се случуваат сериозни проблеми. Но, мислам дека можеби сме на праг на нешто навистина значајно за целиот свет“.

Вака нагласи пратеникот на американскиот претседател Стив Виткоф кој пет часа преговараше со рускиот лидер Владимир Путин на средба во Москва. Виткоф смета дека Путин бара траен мир во Украина и дека разговорот бил убедлив.






Пратеникот на Трамп не прецизираше за кои пет територии станува збор. Тој додаде дека гледа „можност за промена на руско-американските односи преку убедливи трговски иницијативи“ кои би можеле да донесат вистинска стабилност во регионот.

Американската администрација организира одделни преговори со руски и украински претставници, но тие досега не доведоа до прекин на борбените дејства. Преговорите се одвиваат бавно, без значајни отстапки од Москва.

Киев и некои западни престолнини ја обвинуваат Русија дека намерно ги одолговлекува разговорите.

Поврзани содржини