🎥 ОПШТИНАРИТЕ МУ ПОДАРИЈА СЛИКА НА МЕРКО ЗА РОДЕНДЕН Ги учел на чесна и посветена работа
Против Мерко во Основниот суд Струга се водат повеќе процеси, меѓу кои и за злоупотреба на службената положба при набавката на општинско луксузно „ауди“ од 65.000 евра, за поставување на спомен-плоча, како и за незакнско именување на директори.
Градоначалникот на Општина Струга го прослави својот 68 роденден и во општинските простории. Оптината Струга на официјалнаа Фејсбук-страница објави честитка до градоначалникот и видео со коктелот во општинските простории.
Вработените на градоначалникот Мерко му подарија уметничка слика. Тој пресече торта во форма на бројит 68 и на сите им посака да живеат 100 години.
„Честитки за 68-от роденден на градоначалникот на Општина Струга, г-дин Рамиз Мерко. На овој посебен ден, администрацијата на Општина Струга му упатува искрени честитки и длабока благодарност на градоначалникот Рамиз Мерко. Во текот на годините јавна служба, господин Мерко покажа стабилно лидерство, бескомпромисна посветеност и висока чувствителност кон потребите на граѓаните и вработените во администрацијата. Хармонијата и меѓусебното разбирање, како и односот изграден врз меѓусебно почитување и отворена комуникација, се доказ за вредностите што ги пренесува во секој чекор од институционалното работење. Високо ја цениме плодната соработка и позитивната атмосфера што ја негува секојдневно во институцијата што ја раководи, мотивирајќи нè за чесна, посветена работа со јасна визија. На овој значаен ден, кој се совпаѓа со уште еден јубилеен датум, му посакуваме на градоначалникот Мерко добро здравје, семејна среќа и континуирани успеси во неговата понатамошна мисија за развој на Општина Струга. Среќен роденден, градоначалниче!“, објави Општина Струга до честитката.
Против Мерко во Основниот суд Струга се водат повеќе процеси, меѓу кои и за злоупотреба на службената положба при набавката на општинско луксузно „ауди“ од 65.000 евра, за поставување на спомен-плоча, како и за незакнско именување на директори.