📽 СЕ ПОЈАВИ ПРВАТА СНИМКА ОД КЕJТИ ПЕРИ ВО ВСЕЛЕНАТА Видеото го обиколи светот
Популарната пејачка, заедно со уште пет познати дами, полета во вселената како дел од историскиот „женски лет“ организиран од компанијата „Блу Ориџин“.
Кети Пери во моментот е главна тема на светските медиуми – и тоа со добра причина!
Имено, популарната пејачка, заедно со уште пет познати дами, полета во вселената како дел од историскиот „женски лет“ организиран од компанијата „Блу Ориџин“. Летот траеше нешто повеќе од 10 минути, а екипажот успешно се врати на територијата на Западен Тексас.
Сега се појавија првите снимки од капсулата, на кои се гледа како изгледал ентериерот додека познатите дами уживале во бестежинска состојба. Кети Пери, видливо воодушевена, лебди во кабината, ги насочува работите кон камерата, а потоа ги остава да „летаат“ низ кабината.
Katy Perry unveils ‘LIFETIMES’ tour set list in space. pic.twitter.com/TAq9QQn4ZQ
— Pop Crave (@PopCrave) April 14, 2025
Покрај Кети, во екипажот беа и: новинарката Гејл Кинг, свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез, продуцентката Кариан Флин, поранешната научничка на НАСА, Ајша Боу, и активистката Аманда Нуен.
Да потсетиме, ракетата „Њу Шепард“ полета во 15:31 часот по локално време од пустината во Тексас, достигна брзина трипати поголема од звукот и успешно ја премина границата на вселената. По неколку минути лебдење и извици на воодушевување, капсулата безбедно слета на Земјата.