📽 НЕЗАПАМЕТЕНА ТРАГЕДИЈА, РЕЧИСИ 100 ЛИЦА ЗАГИНАА ВО САНТО ДОМИНГО Зошто се урна кровот на дискотеката „Џет сет“ која функционираше 50 години?

Иако дискотеката била двапати реновинарана, не е познато кога била направена последната безбедносна проверка од страна на надлежните. Според шпанските медиуми, последните зборови на пејачот Рубио Перез, на чиј концерт се сруши таванот, биле дека „имал бетон на себе и се гуши“.

3,172

Бројката на загинати во страшната несреќа во клубот „Џет сет“ во Санто Доминго се зголеми на 98 лица, додека повеќе од 160 се повредени. На социјалните мрежи и во медиумите се појавија нови снимки од трагедијата која ја зави во црно оваа централноамериканска земја.

Што довело до уривањето на кровот на најпознатиот клуб во Доминиканската Република, кој функционира повеќе од 50 години? Причината засега останува непозната. Клубот е реновиран двапати, последен пат во 2015 година.






Сепак, не е познато кога била направена последната безбедносна проверка во дискотеката од страна на надлежните.

📽 „ЈАС ИЗЛЕГОВ, ТАТО НЕ УСПЕА“ Ќерка на пејач се огласи по трагедијата во ноќен клуб во Доминикана

– Денеска сакаме да им се обратиме пред се на семејствата погодени од трагедијата што се случи синоќа во „Џет Сет“. Нема доволно зборови да ја искажеме болката предизвикана од овој настан. Тоа што се случи е поразително за сите. Сакаме да знаете дека сме со вас, дека ја споделуваме вашата болка – вели низ солзи во видео на Инстаграм бизнисменот Антонио Еспајлат, чие семејство е сопственик на клубот.

Сопствениците на дискотеката не одговараат на новинарски прашања, но наводно соработувале со надлежните.

 

 

Таванот во „Џет сет“ се сруши за време на настапот на познатиот меренге пејач Рубио Перез. На настапот беа присутни повеќе од 1.000 луѓе. Гостите платиле по 32 долари за влезница, односно 40 долари за ВИП влезница.

Менаџерот на Рубио Перез, Енрике Паулино, им изјави на новинарите на местото на настанот дека концертот започнал нешто пред полноќ во понеделникот и дека покривот се урнал речиси еден час подоцна, при што загинал саксофонистот на групата.

 

Според шпанските медиуми, неговите последни зборови биле дека „имал бетон на себе и се гуши“. На социјалните мрежи беше објавено и видео од точниот момент кога се урна покривот.

Дискотеката била отворена во 1973 година. Според локален весник, дискотеката била реновирана во 2010, а потоа и во 2015 година, додека во 2023 година била удрена од гром.

Секој понеделник, во дискотеката имало посебна програма, позната како „Jet Set Mondays“ кога гостувале познати локални и меѓународни артисти.

Поврзани содржини