ТРАМП Ѝ ПОСТАВИ ШОК УЛТИМАТУМ НА КИНА Рокот е 8 април

616

Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на Трут соушл рече дека Кина наметнала „одмазднички царини од 34 отсто, покрај веќе постоечките рекордни царини, немонетарни бариери, нелегални корпоративни субвенции и масивни долгорочни манипулации со валутите“.

Тој нагласи дека Кина го сторила тоа и покрај неговото претходно предупредување дека секоја земја што ќе воведе дополнителни царини против САД веднаш ќе се соочи со нови, значително повисоки царини.






„Доколку Кина не го повлече зголемувањето на царините од 34 отсто до утре, 8 април 2025 година, што ја надминува нивната долгогодишна трговска злоупотреба со нас, САД ќе воведат дополнителни царини од 50 отсто на Кина почнувајќи од 9 април“, напиша Трамп.

Тој додаде дека, освен воведувањето нови царини, веднаш ќе ги прекине сите планирани разговори со Кина, додека преговорите со другите земји ќе започнат веднаш.

Поврзани содржини