📷 ЏЕСИКА АЛБА ГО „ЗАПАЛИ“ ИНТЕРНЕТ СО ФОТОГРАФИИТЕ ВО БИКИНИ Актерката ужива, самотијата ѝ годи
Џесика Алба моментално ужива на одмор со своите деца, а фотографиите од Хаваи ги воодушеви сите што ја следат.
Џесика Алба моментално ужива на одмор со своите деца, а фотографиите од Хаваи ги воодушеви сите што ја следат.
Познатата актерка Џесика Алба изгледа ужива во самечкиот живот. По разводот со Кеш Ворен, таа изгледа подобро од кога било, а тоа може да се види на нејзиниот профил на Инстаграм.
View this post on Instagram
Нејзините најнови објави од одморот привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, покрај децата, на Џесика и се придружија и нејзините пријатели, а секако, тука се и интересните фотографии во бикини.
Не е првпат и воопшто не е изненадување актерката да нè воодушеви со својот изглед по три породувања, но успеа повторно да го направи тоа.
Џесика објави фотографија на која лежи на песок и гледа во водата, а сите веднаш го коментираа нејзиното тело во црно бикини.
Тоа беше само една од низата фотографии кои ги „урнаа“ социјалните мрежи и можеби го растажија Кеш Ворен додека гледа што изгубил…
Џесика и Кеш се разведуваат по 17 години брак и три деца, а судскиот спор ќе одреди што ќе биде со нивниот заеднички имот. Тие се запознаа во 2004 година на сетот на филмот „Фантастична четворка“, тој беше асистент во продукција.