ЦРВЕНИОТ КРСТ СОБРАЛ НАД 20 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Хуманоста на дело, граѓаните сочувствуваат со жителите на Кочани
Голема благодарност за сите кои досега донираа и се дел од оваа хуманитарна операција. Вашата солидарност е од огромно значење за сите нас“, велат од Црвениот крст.
До денес, вкупно собраните средства за помош на настраданите од пожарот во Кочани изнесуваат 20.932.654 денари, соопшти Црвениот крст на Македонија. Средствата се наменети исклучиво за поддршка на семејствата погодени од трагичниот настан, а акцијата продолжува со целосна ангажираност.
„Црвениот крст продолжува со сите механизми за хуманитарна помош, нудејќи прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите. Голема благодарност за сите кои досега донираа и се дел од оваа хуманитарна операција. Вашата солидарност е од огромно значење за сите нас“, изјави претставник од Црвениот крст.
Црвениот крст ги повикува сите да продолжат да ја покажуваат својата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства.
– Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
– Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
– Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
– За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228