На пребарувачот Гугл во знак на сочувство за трагично загинатите млади луѓе во катастрофалната несреќа во Кочани, денеска осамна црна машничка која е симбол за жалост и оддавање почит.
„Нашите мисли се со семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани“, пишува на пребарувачот.
И покрај логото на видео платформата Јутјуб може да се забележи црна панделка, како знак за оддавање почит за настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Кога ќе се обидете да притиснете на логото на Јутјуб излегува порака посветена на оваа трагедија.
„Нашите мисли се со жртвите на трагедијата во Кочани и нивните семејства“, се вели во пораката.