9 ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ РАБОТАТ НА ИСТРАГАТА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Обвинителството издаде и дополнителни наредби

Увидот на лице место денеска продолжува.

251

Тимот на обвинителството кој работи на истрагата за утврдување на причините за трагедијата во Кочани од утрово е проширен со уште двајца обвинители и сега го сочинуваат 9 јавни обвинители, информира ОЈО.

Тимот е составен од двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани, двајца јавни обвинители од ОЈО Штип и 5 јавни обвинители од ОЈО Скопје.






Како што информираат од Јавното Обвинителство, синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација.

Увидот на лице место денеска продолжува.

Од Обвинителството утрово информираа и дека во тек се рочишта за определување притвори за лицата осомничени за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани.

За случајот досега се сослушани над 20 лица, а за 11 Обвинителството поведе постапка за проверка. Од нив за 8 лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, додека останатите 3 се хоспитализирани во потешка здравствена состојба.

Во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а повеќе од  140 настрадани се згрижени во земјава и странство.

 

Поврзани содржини