ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА СЕ ЛЕКУВААТ САМО ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО КОЧАНИ Едниот има лесни изгореници, а другиот е со повреда на рацете

Вчера во вечерните часови пациентите  од несреќата во Кочани кои беа хоспитализирани во КБ – Штип се транспортирани во Клинички центар „Мајка Тереза‘‘ - Скопје.

370

Само двајца пациенти од несреќата во Кочани се лекуваат во штипската Клиничка болница, информира во писмено соопштение утринава портпаролот на Клиничка болница-Штип, Емилија Арсова.

-По вчерашна тријажа и координација со Кризен штаб од Скопје во вечерните часови пациентите  од несреќата во Кочани кои беа хоспитализирани во КБ – Штип се транспортирани во Клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје. Транспортот на сите пациенти помина безбедно – вели Арсова во писменото соопштение.






Таа додава дека во Клиничка болница-Штип има само двајца пациенти, една пациентка со изгореници од полесен степен на рацете и еден пациент со повреда на рацете. 

Поврзани содржини