ГОЛЕМ ПРОТЕСТ СО ОГРОМНА НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА, А БЕЗ СЕРИОЗНО ПОВРЕДЕНИ Вучиќ е задоволен што младите не сакаа да учествуваат во насилство

Војската проценува дека на митингот имало 88.000 граѓани, а полицијата 107.000. Од БИА велат дека имало нешто помеѓу. Огромен број луѓе, изненадувачки голем број луѓе дојдоа од внатрешноста на Србија, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето на граѓаните по протестот „15. за 15“ во Белград.

1,952

Во името на сите граѓани, како Претседател на Републиката, сакам да го изразам моето задоволство што се одржа голем протест со огромна негативна енергија и гнев кон властите, а немаше посериозни повредени. Повредени се вкупно 56 лица, но никој не е тешко повреден, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето на граѓаните по протестот „15. за 15“ во Белград.

Тој додаде дека се уапсени 22 лица за сторени кривични дела против имотот, за напад врз полицајци и други лица.






– Војската проценува дека на митингот имало 88.000 граѓани, а полицијата 107.000. Од БИА велат дека имало нешто помеѓу. Огромен број луѓе, изненадувачки голем број луѓе дојдоа од внатрешноста на Србија – додаде претседателот.

Осврнувајќи се на звукот што го прекина 15-минутниот молк, Вучиќ негираше дека некоја државна служба употребила звучен топ.

– Денес не ја кренавме палката, настрадаа полицајците. Иако некои ќе речат дека да немало трактори околу Пионерскиот парк, ќе имало крв – рече Вучиќ.

Тој додаде дека сите кои учествувале во уништувањето на тракторите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Претседателот вели и дека за денешниот митинг не бил пријавен, но дека полицијата не паднала на „финтите“ со преместување на различни локации.

– Горд сум што 99 отсто од студентските блокади не ги сакаа инцидентите. Задоволен сум што младите не сакаа да учествуваат во насилство – рече тој.

На крајот ги повика студентите да размислат дали се исполнети нивните барања.

„Ова трае веќе 4 и пол месеци. Четири и пол месеци агонија по страшна трагедија. Добро ја разбравме пораката. Ќе мора да се промениме самите. Сакам да верувам дека и другите разбраа дека граѓаните сакаат да ја сменат власта на избори. Ги повикувам студентите темелно и искрено да ги анализираат првите 3 барања, без притисок од лажни експертски групи или професори со политички амбиции. Иако горко жалам што го исполнив третото барање. Тоа е мојата најголема грешка – вели Вучиќ.

Денеска во Белград, како што тврдат многумина, се одржа најголемиот собир во поновата историја на Србија. На повик на студентите во блокадата, во главниот град дојдоа стотици илјади граѓани од целата држава.

Студентите уште од утрото успешно ја координирас толпата, но околу 19 часот се случи инцидент, кога врз студентите беа фрлени шишиња и камења од правец на Пионерскиот парк.

Тогаш студентите во блокадата најавија дека протестот повеќе не е студентски протест, обезбедувањето ги отстрани маркерите и побара од сите собрани да го напуштат просторот околу Собранието.

Поврзани содржини