🎥ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ОКОЛУ СРПСКОТО СОБРАНИЕ Реки народ од сите страни се слеваат на протестот во центарот на Белград

Граѓани од цела Србија утринава се упатија кон Белград на покана на студентите да учествуваат на големиот митинг „15 за 15“, антивладин протест на кој се бара одговорност за смртта на 15 лица при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и поправедно и подобро општество без корупција и без политички притисок и влијание на институциите.

465

Илјадници лица пристигнаа денеска од внатрешноста на Србија и пешки од сите населби и предградија на Белград и се упатија на антивладините демонстрации во центарот на главниот град. Неколку часа пред протестот улиците на центарот на Белград беа преполни со луѓе, а од целиот град пристигнуваат нови групи демонстранти со национални знамиња и со транспаренти, заедно со вревата што ја прават со свирежите.






Граѓаните од цела Србија утринава се упатија кон Белград на покана на студентите да учествуваат на големиот митинг „15 за 15“, антивладин протест на кој се бара одговорност за смртта на 15 лица при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и поправедно и подобро општество без корупција и без политички притисок и влијание на институциите.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во изминатите денови постојано изјавуваше дека собирот ќе биде насилен, и дека „надлежните знаат“ за сценариото за предизвикување инциденти, но дека земјата на 15 март „ќе стави крај на обоената револуција“.

Низ централните улици на Белград одекнуваат свирчиња, навивачки труби – вувузели, ударни и други инструменти што произведуваат врева, додека групи луѓе пристигнуваат пред Собранието на Србија со национални знамиња и транспаренти, извикувајќи „пумпај“, што стана мото на студентските протести.

Дел од масата ќе се собере и на Славија.

Јавниот превоз во градот запре во 11 часот кога управата на Градското транспортно претпријатие ги повлече сите возила – трамваи, автобуси и тролејбуси, па демонстрантите од пооддалечените населби и приградски населби веќе од утрово се движат пешки кон центарот на градот.

Наспроти српското Собрание уште стојат десетици трактори со кои е ограден „Пионирскиот парк“ и седиштето на претседателот на Републиката, додека групата „Студенти 2.0“, која го поддржува српскиот претседател, кампува во паркот од минатиот четврток.

Поврзани содржини