ТРАМП ПОВТОРНО ЗБОРУВА ЗА АНЕКСИЈА НА ГРЕНЛАНД Доста е веќе, му порача премиерот Егеде на претседателот на САД

Оваа изјава доаѓа само два дена по парламентарните избори во Гренланд, на кои победи про-бизнис партијата Демократит, која поддржува постепен премин кон независност.

523

Премиерот на Гренланд во заминување Муте Егеде најави дека ќе свика состанок со лидерите на сите партии за да испратат заеднички и остар одговор на најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на островот.

– Претседателот на САД повторно јавно зборува за тоа да нè анексира. Доста е! – напиша Егеде на Фејсбук.






Претходно денеска, Трамп изјави дека е уверен оти Гренланд еден ден ќе стане дел од САД.

– Мислам дека тоа ќе се случи – изјави тој во Белата куќа, одговарајќи на новинарско прашање за можна анексија на Гренланд.

Оваа изјава доаѓа само два дена по парламентарните избори во Гренланд, на кои победи про-бизнис партијата Демократит, која поддржува постепен премин кон независност.

Данска веднаш одговори со став дека „Гренланд не е на продажба“, повторувајќи ја својата позиција од 2019 година, кога Трамп за првпат го изрази интересот за купување на островот.

– Овие избори се добри за САД – коментираше Трамп, но не прецизираше што подразбира под тоа.

Поврзани содржини