УКРАИНЦИТЕ И НАТАМУ ДАВААТ ОТПОР ВО СУЏА Киев со експересен одговор по посетата на Путин на Курск

Украинскиот генерал Сирски денеска изјави дека продолжуваат борбите во предградијата на градот Суџа во областа Курск во Русија и дека руските војници се обидуваат да ги потиснат украинските.

804

Началникот на Генералштабот на украинската армија Олександар Сирски денеска изјави дека продолжуваат борбите во предградијата на градот Суџа во областа Курск во Русија и дека руските војници се обидуваат да ги потиснат украинските.

Тој нагласи дека намерата на руската војска е да ги премести борбите во границите на Украина и нагласи дека украинската армија ќе се бори во руската област Курск „колку што е потребно“, пренесе Ројтерс.






Претходно рускиот заменик-министер за одбрана Валериј Герасимов изјави дека Русија ослободила повеќе од 1.100 квадратни километри во областа Курск и нагласи дека „плановите на Киев во таа област пропаднале“.

„Украинските сили се опколени во областа Курск“, рече Герасимов, додавајќи дека украинската армија претрпела големи загуби.

На состанокот одржан на едно од командните пунктови на руската армија одговорна за регионот Курск, рускиот претседател Владимир Путин предложи формирање безбедносна зона долж државната граница.

Тој рече дека руските војници треба да го „победат непријателот“ во областа Курск и целосно да го ослободат регионот, додавајќи дека војниците заробени во Курск ќе бидат третирани како терористи.

Поврзани содржини