ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРУЗИЈА Е ОСУДЕН НА 9 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПРОНЕВЕРА Саакашвили не се појави на суд

години затвор поради злоупотреба на службената положба по враќањето во Грузија во 2021 година, објави грузиска новинска агенција.

226

Градскиот суд во Тбилиси денеска го прогласи за виновен поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили, во случајот за проневера на државни средства и го осуди на 9 години затвор, додавајќи 3 години на затворската казна што ја издржува во моментов.

Саакашвили, кој беше претседател од 2004 до 2013 година, претходно беше осуден на 6 години затвор поради злоупотреба на службената положба по враќањето во Грузија во 2021 година, објави грузиска новинска агенција.






Поранешниот грузиски претседател е во болница од 2022 година, а денеска не се појави на судењето, јавува Цивил Грузија.

Поврзани содржини