ПОЧИНАТ МАЖ ПРОНАЈДЕН ВО СВЕТИ НИКОЛЕ Користеле дрога во напуштена куќа, едно лице e приведено

Од полицијата додаваат дека работат на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

705

32-годишен жител на Свети Николе бил пронајден починат во куќа во овој град, соопшти полицијата. Според информациите, лекар констатирал смрт кај Д.В. (32) без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото му било предадено на семејството.

„По преземени мерки во координација со јавен обвинител, утврдено е дека Д.В. со А.П. неовластено се вселиле во куќата, чија сопственост ја имаат лица од Скопје и Пробиштип. Исто така, постојат сознанија дека тој претходно користел дрога заедно со А.Ј. (34)“, информираат од МВР.






Во врска со случајот, од слобода бил лишен А.Ј., додека А.П. била повикана во полициска станица, каде што со неа бил извршен службен разговор.

Од полицијата додаваат дека работат на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини