ЛИДЕР НА ССМ ИЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ШТАБ НА СДСМ? Трендафилов исполнува сѐ што ќе му каже партијата, обвини ВМРО-ДПМНЕ
Планот не им успеа затоа што СДСМ преку Сања Лукаревска призна дека се координирани со ССМ и дека одржуваат заеднички состаноци. Сите лаги им излегоа на површина, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Слободан Трендафилов е незаконски претседател на ССМ, го узурпирал местото со помош на СДСМ, за сега да мора да слуша и исполнува сѐ што ќе му се каже од Бихаќка, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Прво СДСМ излегува со партиски соопштенија и предлози, па потоа ССМ со барања, па втор пат ССМ излегува со барања, па СДСМ ги поддржува. Синергија како помеѓу партиски органи. Целта е една и единствена, креирање забуна во јавноста и осакатување на развојната политика на владата. Планот не им успеа затоа што СДСМ преку Сања Лукаревска призна дека се координирани со ССМ и дека одржуваат заеднички состаноци. Сите лаги им излегоа на површина“, се вели во соопштението.