ГО НАМАМИЛЕ СО ЛАЖЕН ПРОФИЛ ОД ДЕВОЈКА МУ, ПА ГО ТЕПАЛЕ И СНИМАЛЕ Тинејџер од Скопје преживеа хорор во Ѓорче Петров

Според пријавата, напаѓачите го снимиле бруталното тепање и видеото го објавиле на социјалните мрежи, но подоцна го избришале. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на напаѓачите.

1,329

Петнаесетгодишно момче од Скопје било намамено преку лажен профил на социјална мрежа, киднапирано и брутално претепано во куќа во Ѓорче Петров, а снимката од нападот била објавена на интернет.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, мајката на тинејџерот, К.Д. (35), вчера во 9:22 часот пријавила во полиција дека нејзиниот син околу 4:00 часот примил порака од лажен профил што го користела неговата девојка, со која бил договорен да се видат.






„Кога момчето пристигнало на договорената локација, било пресретнато од четири машки лица, од кои едниот го познавало. Со употреба на сила, насилниците го однеле во куќа во Ѓорче Петров, каде што физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон“, соопшти МВР.

Според пријавата, напаѓачите го снимиле бруталното тепање и видеото го објавиле на социјалните мрежи, но подоцна го избришале. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на напаѓачите.

Поврзани содржини