Март почна среќно за С.З. од Гостивар, кој освои Супер милионер џекпот, вреден 7.040.573 денари, соопшти Видеолотарија Касинос Австрија.
– Март започна среќно за С.З. од Гостивар. Тој на 04.03.2025 ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка – Супер милионер џекпот, вреден 7.040.573 денари. Играчот сакаше да остане анонимен, но со нас сподели дека најчесто ја игра играта „шајнинг краун“, која се покажа како вистински избор. Добивката е освоена на видеолотарските терминали кај нашиот деловен соработник „Спортлајф трејд“ во Гостивар – велат од Касинос Австрија.
Видеолотарија Касинос Австрија му честита на најновиот Супер милионер џекпот добитник и му посакува со радост да ужива во фантастичната добивка, за која силно верува дека ќе му донесе многу успех и убави моменти во иднина.
– Денес споделуваме и дека седмицата од 24.02.2025 до 02.03.2025, беше добитна за играчите на видеолотариските терминали кои заедно поделија 7.822.704 денари. Оваа недела имаме 4 Милионер џекпот добитници кои заедно поделија 5.950.837 денари. Супер добитната седмица ја заокружуваме со Мини џекпот добивките, чиј вкупен износ достигна 1.871.867 денари – додаваат од ВЛТ.