📷 ПО СМРТТА НА САША ПОПОВИЌ ПРВПАТ СЕ ОГЛАСИ НЕГОВАТА СОПРУГА Сузана сподели објава на Инстаграм

По смртта на првиот човек на „Гранд“ продукција Саша Поповиќ, сега првпат се огласи неговата сорпруга Сузана Јовановиќ преку социјалната мрежа Инстаграм.

2,960

По смртта на првиот човек на „Гранд“ продукција Саша Поповиќ, сега првпат се огласи неговата сорпруга Сузана Јовановиќ преку социјалната мрежа Инстаграм.

Таа се заблагодари на сите кои ѝ изјавија сочувство и се во длабока тага по веста дека Саша ја загуби битката со ракот:






Сузана преку приказна на Инстаграм им се заблагодари на сите со следните зборови:

„Им благодарам на сите добри луѓе кои изразија сочувство и кои сочувствуваат со нас во нашата болка. Семејството Поповиќ“, напишала кратко Сузана.


Со истите зборови на социјалните мрежи се огласи и ќерката на Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ, Александра, исто така во име на целото семејство.

За потсетување, основачот и креативен директор на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ, почина на 70-годишна возраст по кратко и тешко боледување во Париз.

Веста дека почина Поповиќ ја објави „Гранд“ продукција.

– Со голема тага ја информираме јавноста дека денеска по кратко и тешко боледување почина Александар Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд“ продукција – пишувало во соопштението.

Саша Поповиќ беше омилен, како меѓу колегите и соработниците, така и меѓу пејачите, што не е чудно со оглед на неговото долгогодишен естраден стаж.

Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад.

Низ децениската работа, тој беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера.

Поврзани содржини