ОТКОПАН Е ГРОБОТ НА ЗОКИ ФАЦИ Некој барал злато или вредни работи, објави негов близок пријател

2,363

Откопан бил гробот на Зоки Фаци во Катланово, скопско, четири месеци откако тој почина.

Информацијата ја потврдија и МВР, наведувајќи дека денеска во 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на православните гробишта во село Катланово бил ископан гробот на починатото лице З.В.






Се уште нема информации за идентитетот на сторителите, а прв за ова на социјалните мрежи се огласи јутјуберот Стефан Лазаров, кој му беше близок пријател на Зоран Василевски.

„Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе, остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота! Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека од Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија…“, напиша Лазаров.

 

По долга борба со ракот, на 1 ноември почина новинарот и водител Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци.

 

Поврзани содржини