ОСТАВИЛ АМАНЕТ ДА НЕ ПОЧИВА ВО АЛЕЈАТА НА ЗАСЛУЖНИ ГРАЃАНИ Саша Поповиќ ќе биде погребан во семејниот гроб

6,048

Погребот на првиот човек на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, кој почина вчера, ќе биде извршен во четврток на 6 март на Бежанијската гробишта во Белград.

Според пишувањата на српските медиуми, Саша Поповиќ не сакал да биде погребан во Алејата на заслужните граѓани.






– Саша не сакаше да биде погребан во Алејата на заслужни граѓани. Го зедоа семејниот гроб. Сакаше Сузана еден ден да биде покрај него, а неговото семејство ги почитуваше неговите желби. Погребот ќе биде во четврток на Бежанијските гробишта – изјави извор близок до семејството.

Семејството цело време беше со Саша во текот на неколкумесечното лекување и беше негова најголема поддршка во борбата за опоравување. Тој кратко време боледуваше од рак на желудник, а за дијагнозата дознал сосема случајно, откако ја скршил ногата.

Поповиќ со месеци се лекуваше на реалција Белград-Париз, а последен пат се појави во јавноста во октомври 2024 година.

Поврзани содржини