ГОСТИВАРЕЦ Е ИЗМАМЕН ЗА 200.000 ЕВРА Станал „партнер“ на Нигериец и на Литванци за изградба на фотоволтаици
Странците преку маж од липковско село се обврзале дека ќе вложат 50 милиони евра во заедничката инвестиција, но откако не ги вложиле парите, тетовецот ги проверил договорите и видел дека не се заверени на нотар.
На 01.01.2025 во СВР Тетово 58- годишник од гостиварско пријавил дека бил измамен за 200.000 евра од Е.И.Ј.(47) од Нигерија, Б.А.(45) и Л.Ј., двајцата од Литванија, кои ги запознал преку Љ.С.(58) од липковско село, а во врска со изградба на фотоволтаици.
„Според пријавеното, оштетениот уплатил 200.000 евра во текот на 2023 година, и тоа во Хрватска, Шпанија и во Германија, со договор дека и тие ќе вложат 50 милиони евра во заедничката инвестиција. Но, тие не ги вложиле парите, а откако ги проверил договорите и видел дека не се заверени на нотар, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.