📽 ТРАМП ГО ПРЕКИНА СТАРМЕР НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА?! „Доста е“

Имено, лидерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер бил прашан дали тој или кралот Чарлс Трети е загрижен за реториката на Трамп кон членката на Комонвелтот на крајот од посетата на Белата куќа која вклучуваше повеќе состаноци на теми како трговијата и војната во Украина. Лидерот на Обединетото Кралство (ОК) рече дека темата за Канада не била спомната за време на тие разговори и дека се обидел да го истакне историското пријателство меѓу ОК и САД.

665

За време на заедничката прес-конференција во Белата куќа, претседателот на САД, Доналд Трамп, го прекина говорот на премиерот на Велика Британија, Кир Стармер. Инцидентот се случи додека Стармер одговараше на прашање за заканите на Трамп да ја направи Канада 51-та американска држава.

Имено, Стармер бил прашан дали тој или кралот Чарлс Трети е загрижен за реториката на Трамп кон членката на Комонвелтот на крајот од посетата на Белата куќа која вклучуваше повеќе состаноци на теми како трговијата и војната во Украина. Лидерот на Обединетото Кралство (ОК) рече дека темата за Канада не била спомната за време на тие разговори и дека се обидел да го истакне историското пријателство меѓу ОК и САД.






„Ја спомнавте Канада. Мислам дека се обидувате да најдете јаз меѓу нас што не постои, ние сме меѓу најблиските нации и имавме одличен разговор денес…“, не доврши Стармер, а Трамп потоа нагло го прекина со зборовите „доста е, благодарам“ и повика друг новинар.

Како одговор на прозивките кон Трамп на социјалните мрежи, се јави еден од официјалните профили на Белата куќа. На профилот беше споделена снимка од далечен агол, на која се гледа како лидерот на САД гледа во новинар додека го прекинува британскиот премиер.

„Претседателот Трамп го прекина новинарот кој сакаше да создаде јаз меѓу двајцата лидери“, напишаа тие.

Во описот на профилот се вели дека е создаден за да ја поддржи агендата на Трамп „Америка на прво место“ и „брзо да реагира“ на лажните вести.

Поврзани содржини