АРСОВСКА ТВРДИ ДЕКА ГО РАЗРЕШИЛА ЗАМЕНИКОТ ПРЕД 3 МЕСЕЦИ Трајановски барал канцеларија, службено возило и телефон, но не работел ни 3 минути, реагира Градот

Од Град Скопје велат дека единствениот интерес на Трајановски бил насочен кон барања за службена канцеларија, возило и телефон и дека во изминатите две години немал никаков активен ангажман во работата на градската администрација.

644

Александар Трајановски повеќе од три месеци не е на функцијата заменик градоначалник и затоа не може да даде оставка од функцијата, реагира Град Скопје откако Трајановски преку својот профил на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од позицијата заменик на градоначалничката Данела Арсовска.

„Лицето Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик-градоначалник на Град Скопје повеќе од три месеци. Тој беше разрешен на 19 декември 2024 година поради нарушување на угледот на Градот, неизвршување на своите задачи и отсуство на било каков придонес во работата. Поточно, ова лице нема вкупно три активни минути на својата функција. Единственото барање на ова лице за кое е свесна градската администрација е неговата желба да добие канцеларија, службено возило и службен телефон. Друга комуникација, уште помалку во смисла на активен придонес кон работата на градот ова лице немало во последните две години“, велат од Град Скопје.






Градот ги отфрла обвинувањата на Трајановски за „влијание од ДУИ“ како „лажни вести и несериозни обвинувања“.
„Кадрови решенија Градот Скопје немаше две години, ниту постоеше можност за вработувања поради неизгласани планови за вработување, а доколку истото некогаш би се реализирало би било врз основа на распишан оглас за вработување, со единствен критериум исполнување на квалификациите и избор на најдобрите кандидати според закон. Доколку на Трајановски ништо не му сметало во Градот Скопје повеќе од 3 години па се до неговото разрешување во декември 2024 година, прашање е зошто би му сметало сега. Тажно е да се гледа како млади луѓе се ставаат во функција на полтрони на владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди“, се додава во реакцијата од Градот.

„НЕ ПРИФАЌАМ ДА БИДАМ ЗАМЕНИК САМО НА САРАЈ“ Десната рака на Данела во Град Скопје си поднесе оставка

Поврзани содржини