ИНВЕСТИЦИЈАТА НА „КАЗАНЧИ ХОЛДИНГ” ЌЕ ГО РЕШИ ЗАГАДУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ ЗА 3 ДО 5 ГОДИНИ Слични проекти ќе се градат и во други градови

Премиерот најави вакви проекти и во други градови со кои ќе се помогне во намалувањето на загадувањето.

2,419

Инвстицијата на „Казанчи Холдинг” ќе биде завршена за 3 до 5 години и ќе придонесе за намалување на загадувањето. Важно е и тоа што инвестицијата ќе работи по пазарни правила и по пазарни услови, брз никакви поволности од страна на државата, но со административна помош, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

– Целта ни е да изградиме производни капацитети коишто истовремено ќе произведуваат и електрична енергија и топлина. Затоа што само така тие можат да бидат економски исплатливи. Тоа е когенеративен процес. Тоа се гасни електрани коишто произведуваат и топлина и електрична енергија Ова е инженерски технолошки процес и ќе треба време од 3 до 5 години – рече Мицкоски.






Според Мицкоски проектот е важен и затоа што граѓаните ќе имаат избор да се греат на парно.

– Ова е единствениот начин како можеме ние да го решиме на долг рок, одржлив рок загадувањето, но истовремено и да им понудиме на домаќинствата алтернатива за затоплување на нивните домови. Ќе треба време, периодот е од 3 до 5 години, моја груба проценка, но важно е да почнеме. Ако ова се почнало порано, сега ќе било сè поинаку. Но, не се почнало, ние почнуваме. Рековме дека ќе го решиме и почнуваме да го решаваме проблемот. Магионичари не сме, магија тука нема. Ова е инженерски технолошки процес и ќе треба време од три до пет години – рече Мицкоски.

Инвеститорот, како што рече Мицкоски, нема да користи дополнителни субвенции освен оние кои му следуваат законски.

– Нема гарантирани цени, нема гарантирани договори за откуп, нема повластени цени, нема повластени инвеститори, нема стратешки инвеститори итн. Сè се темели на пазарните услови и тоа е главната парадигма зошто влегуваме во овие процеси. Нема како принципот како досега, односно во минатото како што беше, да на поедини инвеститори им се даваат енормни повластувања, да тие бидат ослободувани од разноразни давачки, да државата субвенционира, обезбедува загарантиран откуп итн. Ова е чисто инвестиција којашто ќе работи на пазарни правила и на пазарни услови. Да, ние како држава ќе помогнеме во административниот дел, сè што треба, а е поврзано со државата, согласно законот, ние ќе го помогнеме како процес, ќе го забрзаме – рече Мицкоски.

Тој најави вакви проекти и во други градови.

– Ова е само почеток. Одиме град по град и ќе се обидуваме ваков тип на проекти во секоја од општините, онаму каде што нема организирано централно затоплување, да обезбедуваме, се разбира, да наоѓаме компании кои ќе инвестираат – рече Мицкоски.

Инвестицијата, како што е најавено, ќе изнесува повеќе од 1 милијарда евра.

Поврзани содржини