МАКРОН МУ ГИ ОБЈАСНУВАЛ НА ТРАМП ПРИОРИТЕТИТЕ НА ВАШИНГТОН Го убедувал да не води трговска војна со Европа, туку со Кина

Францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со американскиот колега Доналд Трамп рекол дека за Вашингтон „приоритет е воведувањето царини за Кина“ и дека истовремена економска конфронтација со Европа не е во интерес на САД.

424

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се надева дека го убедил својот американски колега Доналд Трамп да не започнува трговска војна против Европа, туку да се фокусира на Кина.

– Не можете истовремено да водите трговска војна и со Кина и со Европа. Се надевам дека Трамп го разбира тоа – изјави Макрон за Фокс Њуз по средбата со американскиот претседател во Вашингтон.






Макрон нагласи дека за Вашингтон „приоритет е воведувањето царини за Кина“ и дека истовремена економска конфронтација со Европа не е во интерес на САД.

Тој додаде дека му објаснил на Трамп дека европскиот систем на ДДВ не претставува царина и дека ЕУ никогаш не вовела царини на увозот од САД.

Според него, евентуална трговска војна би го загрозила и зголемувањето на воените трошоци на европските земји, што е едно од клучните барања на Трамп.

Францускиот претседател ќе ги информира лидерите на ЕУ за неговата средба со Трамп на утрешната средба.

Поврзани содржини