МИЦКОСКИ НЕ ДОЗВОЛУВА ДИЛЕМИ ЗА УСОГЛАСЕНОСТА НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ За резолуцијата за Украина застанавме со стратешкиот партнер, САД

Ние застанавме со нашиот сатратешки партнер, тоа се САД. Другата резолуција не беше на ЕУ, затоа што, коспонзор на резолуцијата на САД е земја-членк, на ЕУ, а тоа е Унгарија, така што, не може да стане збор за усогласена надворешна политика на ЕУ, рече премиерот Мицкоски.

1,565

Никој не треба да има дилема во нашата усогласеност со надворешната и одбранбена политика со Европската Унија, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање дали со вчерашното коспонзорство на резолуцијата на ОН за Украина на САД, а не на таа на ЕУ, Македонија испраќа сигнал дека не е целосно усогласена со надворешната и одбранбена политика на ЕУ.

– Ние застанавме со нашиот стратешки партнер, тоа се САД. Другата резолуција не беше на ЕУ, затоа што, коспонзор на резолуцијата на САД е земја-членка на ЕУ, а тоа е Унгарија, така што, не може да стане збор за усогласена надворешна политика на ЕУ. Нашиот став кога станува збор за усогласеност со надворешната политика на ЕУ, тука не треба да има никој дилема, е дека ние секогаш ќе бидеме усогласени. Ние ја имаме усогласено нашата надворешна и одбранбена политика заедно со Европската Унија, но сега тоа не беше случај. Ние застанавме зад резолуцијата и бевме коспонзори на резолуцијата на САД, која што е единствената усвоена резолуција од страна на Советот за безбедност, а тоа значи дека е апликативна – рече денеска Мицкоски.

Поврзани содржини